Анализа

Чекори за развој на TOI TOI TOI алатки.

Пред-анализата беше насочена кон дефинирање на полето на истражување во земјите-партнери: Австрија, Германија, Унгарија и Македонија како и подготовка на идните чекори.
Поради оваа причина, четирите извештаи:

  • - групираа податоци од Европски проекти за образование со фокус на „Lifelong Learning Programme" (Програмата за доживотно учење)
  • ги анализираа карактеристиките во заштитата на приватноста на податоците
  • презентираа можни методи и алатки за евалуација

Се користеше квантитативен научен метод на мрежна анализа за да се евалуираат и соберат сите проекти „Leonardo da Vinci / Transfer of Innovation projects (LdV-TOI)‟ (Леонардо да Винчи/Трансфер на иновативни проекти) во Австрија, Германија и Унгарија од 2007-2012, кои беа претставени во базата на податоци за Европски проекти „ADAM” (www.adam-europe.eu) eво однос на големината на конзорциумите и избраните земји-партнери. Поради непропорционално високиот број на германски проекти, македонскиот партнер работеше заедно со партнерот од Германија во еалуирањето на нивните проекти.

Сите внесови беа:

  • пренесени и преформатирани од „ADAM” во MS-EXCEL®;
  • проверени со споредба на внесови од „ADAM” со реални исходи од проектите
  • статистички евалуирани и презентирани

Од мрежната анализа се дефинираа два различни кластера, а проектниот тим користеше четири полу-стандардизирани интервјуа со поранешни координатори по партнер за да ги провери резултатите од групирањето и да побара конкретни компетенции што придонесуваат за одржливоста на европските образовни проекти. Во тој случај, македонскиот партнер повторно анализираше четири германски проекти. Беа направени транслитерации само за интерна употреба, а интервјуата беа сумирани и карактеризирани во „Национални ТОИ ТОИ ТОИ извештаи“ за да се обезбеди заштита на анонимноста на интервјуираните.

Како што се спомена погоре, „Националните ТОИ ТОИ ТОИ извештаи“ беа напишани за да се сумираат сите научни чекори и да се соберат податоците и карактеризациите од квантитативното (анализата на мрежи и кластери) и квалитативното (полу-стандардизирани интервјуа) истражување на национално ниво. На крајот, секој од извештаите изведе заклучоци од националните резултати и ги дефинираше првивте предлози за содржината и структурата на алатките за евалуација.

Национални „TOI TOI TOI” извештаи: Австрија , Германија (ф-бб) , Германија (УГД) , Унгарија

„Европскиот ТОИ ТОИ ТОИ извештај“ сумираше, консолидираше и мета-евалуираше сите национални резултати од европска перспектива. Извештајот се фокусираше на детално научно кодирање и анализа на сите полу-стандардизирани интервјуа, користејќи ја алатката за квалитативна анализа MAXQDA®.

На крајот, извештајот ги процени сите резултати на Европско ниво и предложи конкретни барања во врска со структурата и содржината на алатките за евалуација „TOI TOI TOI".

Македонски

 
 

Публикацијата на оваа брошура е поддржана од страна на Европската Kомисија, но не и нејзината содржина во која се изложени личните ставови на авторите. Европската Комисијата не е одговорна за било каква употреба на информациите достапни во ова издание.

Education - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.